Шоубиз
Супербол 2024: Канзас Сити ја одбрани титулата, спектакуларен настап на Ашер на полувремето
Тимот на Канзас Сити Чифс го победи Сан Франциско во Лас Вегас со 25:22 по продолжение и на тој начин ја одбрани титулата во НФЛ лигата. Тие воедно станаа првиот тим по Њу Ингланд Патриотс од 2005 година кој ја одбранил титулата.
Квотербекот на Канзас Сити, Патрик Махомс го предводеше својот тим до трофејот во 58-то издание на Супербол со партија вредна МВП признание.
Со само 28 години, Махомес стана шестиот бек во историјата на НФЛ кој освоил три или повеќе Суперболови, додека Енди Рид стана петтиот тренер кој освоил три или повеќе. Махомес го означи Рид како „најголемиот тренер што оваа игра некогаш го видела“.




