Кајли Џенер e првата жена со 300 милиони следбеници на Инстаграм
Кајли Џенер постигна голема пресвртница на социјалните мрежи бидејќи стана првата жена во историјата на Инстаграм која достигна 300 милиони следбеници.
Профилот на ријалити ѕвездата е трет најследен профил на популарната апликација за споделување фотографии.
Додека 24-годишната сопственичка на козметичка империја е првата жена што го направила тоа, фудбалерот Кристијано Роналдо е најследената личност со 388 милиони.




