Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Меган Фокс и Машин Ган Кели наводно раскинале: Актерката го избриша својот Инстаграм откако навести за нивното разделување

Шоубиз

Меган Фокс и Машин Ган Кели наводно раскинале: Актерката го избриша својот Инстаграм откако навести за нивното разделување

Актерката Меган Фокс (36) со своите потези на Инстаграм, ги подгреа шпекулациите дека таа и вереникот Машин Ган Кели (32) раскинале .

Најпрво Меган ги избриша повеќето фотографии со својот вереник, а потоа и престана да го следи на социјалната мрежа.

Таа објави неколку провокативни фотографии од себе цитирајќи стихови од песна на Бијонсе од нејзиниот албум  „Lemonade“.

-Можеш да ја вкусиш неискреноста, ја има во твојот здив (You can taste the dishonesty/ it’s all over your breath)– напишала таа во описот на објавата.

На една од фотографиите, Меган позира до постер за семејно насилство, а според некои ова е знак дека и самата била жртва.

Таа снимила и видео, кое го споделила со своите следбеници, во кое пали писмо. Многумина веруваат дека тоа е писмо напишано од нејзиниот вереник. По објавата и откако го избриша својот вереник од Инстаграм, таа ги заследи Хари Стајлс, Тимоти Шаламе и Еминем, со кого Машин Ган Кели веќе неколку години е во лоши односи.

Меѓу бројните коментари на објавата, се најде и еден кој гласеше: „Тој најверојатно имал нешто со Софи“, алудирајќи на гитаристката од неговата група, Софи Лојд. На тоа Фокс одговори: „Можеби јас имам нешто со Софи“.

Она што најмногу ја изненади јавноста е тоа што актерката го деактивираше својот Инстаграм профил по мистериозната објава.

Двојката последен пат беше видена заедно на забавата на Дрејк пред Супер Боул само неколку часа пред нејзините објави. Токму затоа многумина веруваат дека музичарот ја изневерил актерката.

Меган и Машин Ган Кели се во врска од 2020 година, а се верија минатата година. Тие наводно се заљубиле на прв поглед за време на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“, по што таа поднела барање за развод од Брајан Остин Грин, со кој има три деца.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.