Музика
Шведска фаворит за победа на Евросонгот
На една недела пред финалето на овогодишниот Избор за песна на Евровизија, според коефициентите во обложувалниците, главен фаворит за победа е Шведска.
Шведскиот претставник Манс Зелмерлев со песната „Херои“ важи за фаворит за победа во дури 22 обложувалници.
Доколку Зелмерлев навистина победи на финалето на Евросонгот на 23 мај во Виена, на Шведкса ќе и ја донесе шестата победа на ова музичко натпреварување.




