МК Сцена
СКОПЈЕ БУДНО ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: Се одржа „Бела ноќ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вчеравечер Скопје остана будно до раните утрински часови, поради манифестацијата „Бела ноќ“ која се одржа на повеќе локации ширум градот, со разни настани и перформански.
На Плоштадот Македонија, во 21 часот, настапи француската трупа Кидам (Company des Quidams) со нејзиниот последен звучно-светлосен перформанс Горди на коњ, улична светлечка парада, а потоа се одржа театарскиот перформанс „Арка“ на полската трупата „Театарот на осмиот ден“.
Перформансот – именуван „Арка“, нè потсетува дека денес, сè уште живееме во доба на бегалци, скитници, номади, кои патуваат низ континентите и си ги затоплуваат душите со спомените од домот, без разлика дали тој дом е духовен и/или етички, небесен и/или географски, реален и/или пак имагинарен.











