МК Сцена
Скопски урбани легенди
Повелете, простете и споделете без говор на омраза и суета, книгите се светост и треба да им се радуваме!
Вообичаено е во книгите да има херои и анти- херои, но кога некој ќе напише невообичаена книга на урбани легенди, кои оставиле личен белег во својот град, станува урбан хроничар, записничар на едно препознатливо време на култни ликови, еснаф со перо на еден град чија урбана култура ја граделе ликови на кои се сеќаваме.
Авторот, поет, раскажувач и новинар, Васко Марковски, на оригинален начин ќе овековечи 54 скопски ликови чиј заеднички именител е ,,урбани легенди” , а секој од нив ја живее својата лична легенда за која ќе се раскажува на идните поколенија со скопски шмек.






