МК Сцена
Со настапот на Тери Еванс и Џо Коломбо започна „Блуз енд соул фестивал“
Вчеравечер во Сити хол во Скопје со настапот на Тери Еванс и Џо Коломбо започна „Блуз енд соул фестивал“.
Тери Еванс е дел од онаа легендарна генерација на блуз и соул пејачи што ја предводеа Сам Мур, Попс Степлс, Мајти Сем МекКлеин и други.
Неговиот музички пат започнува на изворот на блузот во Виксбург, Мисисипи од каде ја започна својата брилијантна кариера низ која соработуваше со најголемите имиња на светската музичка сцена.








