Музика
СВЕТСКИ МЕДИУМИ: Наместо на Ибица, право на EXIT – најкул фестивалот во Европа!
Во својата триумфална година, во која по втор пат ја освои титулата Најдобар голем европски фестивал, EXIT не престанува да го привлекува вниманието на светските медиуми, посебно на оние со глобален досег и немерливо влијание.
CNN неодамна повторно го означи EXIT како едно од незаобиколните места при посета на Србија, додека „бизнис библијата“, американскиот Forbes магазин, ја издвои овогодишната програма на Exit како нејзин главен адут, со имиња како што се Grace Jones, Ziggy Marley, Fever Ray, Alice Merton, Nina Kraviz, Solomun и бројни други.
Forbes посебно го издвои во моментов најпрепознатливиот хип-хоп состав Migos, но и најпопуларниот диџеј на денешницата David Guetta, прогласувајќи го EXIT како место кое светскиот џет-сет би требало да го доживее. И вториот од трите најважни светски економски медиуми, угледниот Financial Times во долгиот напис за Србија, поради кој нивниот фамозен уредник Lionel Barber помина ден во Нови Сад и ја обиколи Петроварадинската тврдина, за EXIT пишува дека е фестивал како „Гластонбери на Дунав“!




