МК Сцена
The Prodigy на 14 август со свој open air концерт во Охрид
Еден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, The Prodigy за прв пат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
На првото издание на Ohrid Calling oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените бендови на македонската публика на сите времиња.
The Prodigy доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „Invaders must die“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.




