МК Сцена
Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија на „Евросонг“ (ВИДЕО)
Македонската поп дива Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија на 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.
Калиопи на втората полуфинална вечер ќе настапи под реден број осум со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил.
Ова е вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.




