Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТОНИ ЦЕТИНСКИ: „Драг Тоше, не можам да прифатам дека те нема!“

МК Сцена

ТОНИ ЦЕТИНСКИ: „Драг Тоше, не можам да прифатам дека те нема!“

На десет годишнината од смртта на Тоше Проески, болката во срцата на големиот број фанови, соработници и сите што го сакавме, не заминува.

Хрватскиот пејач Тони Цетински, сѐ уште скршен од болка, се присети на нивното пријателство.

Два дена пред годишнината на својот фејсбук профил Тони Цетински се потсети на пријателството со македонскиот пејач.

Драги мој Тоше,

Вечно е прашањето зошто тоа утро во рани зори Господ одлучи да те земе тебе? Еве, десет години откако те нема и недостасуваш неизмерно.

Голема празнина остана по твоето заминување и никој никогаш нема да ја исполни. Знае ли зошто? Затоа што беше и остана вистински пријател. Затоа пријателе, не прифаќам дека те нема, веројатно така ми е полесно.

Да бевме сега заедно знам дека ќе снимевме заедничка видеочеститка за мојата мајка за нејзиниот родендени знам дека ќе уживавме во другите убави и важни денови на твоите и на моите сакани луѓе.

Многу нешта ќе направевме да бевме заедно.

Знај дека секогаш си крај мене, пријателе, и дека си заслужен за секое мое добро дело, драг мој Тоше.

За глупостите и за грешките сум заслужен исклучиво јас, ме знаеш мене. Колку и да беше способен да го извлечеш најдоброто од мене и колку и да го правиш тоа во иднина, јас сум понекогаш способен сето тоа да го зафркнам со своето наивно верување во луѓето, бидејќи веројатно сите ги мерам според тебе и според она што го претставува нашето пријателство. Веројатно и тоа мора да е така? Не знам, и не ме интересира. Знам дека веќе никогаш нема да најдам пријател како тебе. И не треба да се трудам и да се залажувам.

Ти си еден и единствен вистински пријател и таков и ќе останеш. Знам дека си тука некаде и ти благодарам за сето што го правиш. Те сака брат ти.

Ќе засадам, две ружи, нека растат, нек’ се дружат! На едната ќе и’ го дадам името свое, а на другата името твое. Во знак на пријателството наше, нека цветаат со години…

Ангелите постојат, а бидејќи сите немаат крилја, понекогаш ги нарекуваме пријатели, а ти си еден од нив.

Ако те праша некој што сме сакале од нашата љубов, ти кажи му дека бевме најдобри пријатели.

Ако некогаш горчливо ти заплаче око, ако некој те провреди длабоко, ако некогаш ти затрепери душа, ако нема некој да те слуша, ако некогаш вреснеш во сон, викни ме и јас ќе бидам тука!

Љубовта е голема, но пријателството е уште поголемо. Луѓето случајно се среќаваат во животот, а потоа заедно делат се’, реката на животот ги носи кај други луѓе, но срцата секогаш им остануваат кај вистинските пријатели!

Можеби во животот ќе тргнам по друг пат, можеби таму ќе најдам подобар живот, љубов, среќа, но знам дека таков пријател нема да имам!

Никого не можеш да натераш да те сака. Единствено што можеш да направиш е да дозволиш да бидеш сакан. И не е најважно што имаш на животниот пат, туку кого.

Насмевни се кога ќе ме видиш, да останеме пријатели. Бидејќи никој не знае што сакавме, никој не знае што бевме… Нашето пријателство е како кула од песок: тешко се гради, лесно се униптува, но прекрасно се обновува!

Јас сум ти пријател и кога лошо ќе тргне. Кога и да посакаш, побарај ме, светлина во мракот, твоја сум сенка и вечен пријател за сите времиња.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.