МК Сцена
Три дами и маскенбал за старт на Моден викенд Скопје 13 (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Ревиите на дизајнерките Росица Мршиќ, Олгица Ѓоргиева и Силвија Михајловска го одбележаа првиот ден на тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој се одржува во салонот „Порше Македонија“ од 1 до 3 април. На истата локација по ревиите се одржа и забава под маски на која посетителите се забавуваа со хитовите од осумдесеттите години.
Сезоната пролет/лето 2016 година која се одвива под мотото „Да живеат осумдесеттите!“ ја отвори ревијатa на Росица Мршиќ со колекција инспирирана од женските ликови на Модилјани. Мршиќ го користи својот „карактеристичен вокабулар“ и во секое парче од колекцијата внесува силен индивидуален стил. Линиите се мазни и смирени во форма на синусоиди со кои таа ја завиткува женската фигура за да постигне женствена заобленост. Колекцијата беше надополнета со чевли од бутикот „VIA“.
Дизајнерката Олгица Ѓоргиева ја претстави колекцијата за актуелната сезона наречена „Senses“, чиста, минималистичка линија разиграна од колоритни елементи прикажани на специфичен начин.










