МК Сцена
ТРОЈНА ПРОМОЦИЈА НА ДНК: Нов спот, „д бест оф“ албум и двд од последниот концерт (ФОТО)
Терасата на Парк хотел и спа вчеравечер беше претесна да ги собере сите соработници, колеги и пријатели на момците од ДНК, Панчо и Андреј, кои имаа тројна промоција.
Нов спот и песна, нов материјал со најдоброто од нив во изминатите 16 години и ДВД од концертот одржан минатата година, а по повод јубилејниот 15 роденден на двоецот.
„Ви благодариме што сите овие години сте со нас и нашата музика, без вас навистина ништо“, едногласни се момците, кои освен сработеното уште еднаш покажаа дека се луѓе со огромни срца.





