МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Илјадници посетители на роденденската журка на Скопје Сити Мол со С.А.Р.С!
Со уникатни роденденски содржини и изненадувања, со големи промотивни понуди и концерт на мега популарната српска група С.А.Р.С , во саботата на 3-ти oктомври, Скопје Сити Мол го прослави својот трети родеднен.
Илјадници среќни луѓе со полни кеси во рацете, насмеани лица и детски џагор, беше сликата која можеше овој викенд да се види во најмодерниот и најголемиот трговски центар во Македонија.
Истата таа вечер кога во главниот град се оддржуваше масовната манифестација „Бела Ноќ“, Скопје Сити Мол организираше „Лејт Најт Шопинг“ до полноќ со разновидни изненадувања за сите посетители и попусти во сите продавници.










