Музика
Вечерва првото полуфинале од Евровизија
Првото полуфинале на 61. избор за „Песна на Евровизија“ ќе биде одржан денеска во „Глоуб арената“ во Стокхолм, а жирито и публиката од 18 земји ќе изберат десет финалисти.
Оваа година, блогадарејќи на победата на Манс Зелмерлов со песната „Heroes“, Евровизија ќе се одржи во Шведска. Ова е веќе третпат Стокхолм да е домаќин на најгледаниот музички натпревар во Европа.
На овогодинешното музичко натпреварување ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австралија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи на втората полуфинална вечер со песната „Дона“, под реден број осум.




