Музика
ВИДЕО: Прекрасната Македонија во новиот спот на Љубојна и Исмаил Лумановски
Новиот видео запис на групата Љубојна и Исмаил Лумановски е за песната „Излегу да се рашета“. Спотот е снимен на повеќе локации низ Македонија, во реализација на Горила Филмс. Режисер на спотот е Горан Костадинов, директор на фотографија Кристијан Теодоров.
Во исто време подготовките за предновогодишниот концертот на „Љубојна“ продолжуваат!
Горила продукција во склоп на Таксират, Ви ја најавува македонската музичка сензација „Љубојна“, кои ќе настапат на 17-ти Декември во Арена Борис Трајковски, заедно со виртуозите Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет, Џамбо Агушев на труба и пијанистот Васил Хаџиманов.




