МК Сцена
Whitesnake пристигнаа во Скопје!
Легендарните Whitesnake со приватен авион од Софија, предмалку пристигнаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
По фантастично посетените концерти викендов во Загреб и во Белград, организирани од Авалон продукција и синоќешниот распродаден концерт во Софија, великаните на светската рок сцена вечерва во арената „Борис Трајковски“ ќе одржат уште едно спектакуларно рок шоу.
Whitesnake доаѓаат во рамките на историската Purple турнеја, која го промовира истоимениот албум- The Purple Album. За фановите од цела Македонија, Албанија, Косово и Грција, фронтменот на Whitesnake, David Coverdale ветува енергична и незаборавна забава со култните хитови што ги отпеа своевремено со Deep Purple, но и со своите најголемите хитови кои ја одбележаа светската рок сцена во последниве четири децении.




