МК Сцена
ЗА КРАЈ НА АВАЛОНСКАТА КОНЦЕРТНА ГОДИНА: Бајага, Прљаво Казалиште и Ареа во Скопје
Авалон Продукција реши да ја затвори историската 2016 година со својот последен проект All You Need Is Love.
По многу светски имиња и концерти во Скопје, оваа година за прв пат, на едно место, ќе се собери најдоброто во областа на поп рок музиката во последните 20 години и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти на едно место – Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа – имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат.
Сите три бенда ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути. Авалон се потрудија оваа вечер да има специјално отворање во вид на најдоброто од Екатерина Велика, со проектот Deca iz vode/EKV Tribute band project.





