МК Сцена
Жирито за Мартија: „Џеј Ло е мал залак за таква ѕвезда како што си ти!“
Во последната четвртфинална емисија, нашата Мартија Станојковиќ ја испеа хит песната од Џенифер Лопез – “On the floor” и како што сите очекуваме и ќе очекуваме, ги доби сите пет гласа од стручното жири.
Публиката и жирито на “Пинковите ѕвездички” ја видоа Мартија во различни изданија, со различни стајлинзи пеејќи различни жанрови на музика. Овојпат таа изгледаше како вистинска светска ѕвезда, што веднаш по настапот искоментира водителката, а потоа и секој од членовите на жирито.




