Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Жито маркети ја добија наградата International Best Brand za 2015

МК Сцена

Жито маркети ја добија наградата International Best Brand za 2015

Малопродажниот ланец Жито маркети го доби престижното признание International Best Brand за 2015 година, во категоријата трговија на мало. Наградата се доделува врз основа на мислењето од релевантни фактори во таа област, заклучоци од истражувањата и спроведената анкета меѓу граѓаните каде Жито маркети беше издвоен според квалитетот и услугата.

„Наградата е заслуга на сите наши вработени и нивната посветеност на работата и спроведувањето во пракса на компаниските вредности и постулати. Значењето е дотолку поголемо затоа што доаѓа од купувачите и е како одговор на нашите постојани заложби да создадеме место каде купувањето е пријатно искуство а услугата е на највисоко ниво. Задоволувањето на потребите и барањата на нашите купувачи ќе останат наш приоритет и во новата развојна стратегија за оваа година”, изјави Стојанче Тодороски маркетинг директор во Жито маркети.

Првиот Жито маркет е отворен во Велес а до денес Жито израсна во ланец што располага со повеќе од педесет маркети низ целата држава. Започнувајќи и продолжувајќи и денес како семеен бизнис, оваа компанија успехот го постигна преку специфичниот начин на работа, секогаш фокусирани врз потрошувачот. Покрај тоа се издвојуваат и со развојот на сопствен бренд „5-ка“ што го оценуваат како неопходен чекор во работата со малопродажен ланец. Добитник ена бројни признанија меѓу кои за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети, признание дадено врз основа на брзото проширување и компаниските вредности, услужливост и достапност.

Жито маркети ја добија наградата International Best Brand za 2015

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.