Останато
Учесниците на Виз Ер Скопски Маратон ќе ја добијат трката
Како резултат на новонастанатата состојба во земјава и од безбедносни причини, на жалење на многу љубители на спортот кои со нетрпение го очекуваа овој настан, овогодинешниот традиционален ВизЕр Скопски Маратон беше откажан по барање на надлежните институции.
– „Изразуваме длабоко жалење за настанатата ситуација и сочувствуваме со семејствата на загинатите бранители. Поради нарушување на безбедноста во државата Виз Ер Скопски Маратон се одложи, свесни сме дека на овој начин останаа разочарани љубителите на маратонот од многу страни. Се подготвувавме за овој настан во текот на целата година со многу труд и ентузијазам, со нетрпение го очекувавме почетокот и одбележувањето на една од најпочитуваните и посетуваните спортски манифестации во државата, но ова беше единствениот начин преку превентивни мерки да ја осигураме безбедноста на сите инволвирани, што секако ни беше и ни е приоритет.
Им благодариме на сите поддржувачи. Нашата порака до јавноста е да останеме сплотени!”- изјавуваат од организацискиот одбор на Виз Ер Скопски Маратон.

