Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ериксен излезе од болница – успешната операција значи крај на неговата кариера

Фудбал

Ериксен излезе од болница – успешната операција значи крај на неговата кариера

Ериксен излезе од болница – успешната операција значи крај на неговата кариера

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен денеска беше пуштен од болницата во Копенхаген, по успешната операција и вградување на ИЦД уред (срцев дефибрилатор) откако во саботата колабираше во првото полувреме од мечот Данска-Финска.

По операцијата, тој веднаш ја посети данската репрезентација, пред да се врати дома со своето семејство.

Засега е јасно дека тој нема да може да игра фудбал, но се наведува дека ќе може да води нормален живот. Некои од неговите соиграчи како Дејли Блинд имаа слични проблеми во кариерата, но тие продолжија да играат фудбал. Блинд двапати колабираше на теренот, но сепак игра за Ајакс. Сепак, состојбата на Ериксен е посериозна.

„Благодарам за огромниот број на поздрави кои ги добив, тоа беше неверојатно да се види и да се почувствува. Операцијата помина добро и се чувствувам добро со оглед на околностите. Беше фантастично да се видат момците по одличниот меч против Белгија и ќе гледам и ќе навивам во понеделник против Русија“, вели Ериксен.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Фудбал

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.