Останато
Македонија со тројца спортисти на ЗОИ во Пјонгчанг
Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти на претстојните Зимски Олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) денеска информира дека боите на Македонија на зимската олимпијада ќе ги бранат: Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма), Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма) и Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км/.
Македонската олимписка делегација за Пјонгчанг заминува на 7 февруари, а два дена претходно ќе биде направена и свечената презентација на спортистите, информираат од МОК.

