Останато
Самсоненко заминува од Вардар
Главниот финансиер на ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар Сергеј Самсоненко во писмо до јавноста најавува дека ова ќе биде неговата последна сезона во трите клубови.
Во писмото, главниот финансиер на трите „црвено-црни“ колективи изразува вознемиреност од сето она што, посочува, го прочитал во медиумите, на социјалните мрежи, порталите…и воедно, прашува со што тој и неговите од Вардар заслужиле такви навреди.
Тој најавува дека по оваа сезона ќе ги врати трите клуба на поранешните сопственици, како што наведува, во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови.

