Останато
СКОПСКИОТ МАРАТОН НИЗ ФОТОГРАФИИ: Над 8 илјади учесници трчаа низ улиците во Скопје
Сончевото утро во главниот град на Македонија беше совршен погодок 8-те илјади учесници на денешното 12-то издание на Виз Ер Скопски Маратон 2016 да се покажат во своето најдобро издание, да го истрчаат својот маратон и да стигнат на целта.
Уште во раните утрински часови пред почетокот на маратонот, Скопје беше преплавен од тркачи од 46 земји во светот, но и заинтересирани граѓани со интересни транспаренти кои расположени се подготвуваа да ги бодрат пријавените натпреварувачи.
Кенијците повторно доминираа на Скопскиот маратон, откако Кипротич Кируи триумфално помина низ целта на машката маратонска трка со време од 2:12:36. Зад него се пласираше неговиот сонародник Ричард Кипроно Бет со време од 2:14:36, додека на третото место се најде Едвин Кирпуто Кирва (2:15:08). Во топ 5 маратонци се најдоа шампионот од 2013-та година, Вајклиф Кипкорир Бивот (2:19:07) и Силас Кипроно Ту (2:19:07). Во женска конкуренција Кенијката Гледис Џепкуруи Бивот со време од 2:40:10 е годинешната шампионка, а зад неа се пласираа Етиопјанката Шаваје Гамечу Дебелу со време од 2:45:30 и Фабиола Џон Вилијам од Танзанија со 2:49:13.









