Шоубиз
Бали Бег со семејно видео ги демантира гласините за развод
Популарниот турски актер Бурак Озчивит, на кого се чини му остана името Бали Бег (според улогата што ја играше во серијата „Сулејман Величествениот“) ретко споделува семејни фотографии и не го експонира во јавност синот Каран, кого пред речиси 1.5 годинa го доби со актерката Фахрије Евџен (позната како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“).
Деновиве Бурак ги изненади фановите на Инстаграм со прекрасна фотографија на која го држи синот во прегратка. Претпоставувате дека фотографијата доби повеќе од 1 300 000 лајкови за само еден ден, а емотивните коментари на обожавателите просто го топат срцето.
Според турските медиуми, Бурак е грижлив татко но се чини дека не се согласуваат со сопругата Фахрије Евџен околу начинот на кој треба да го воспитуваат синот.




