Донација на 50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 од Грција – масовната вакцинација продолжува
Според информации од министерството за здравство, во овој момент во Македонија има уште 5.000 вакцини наменети за граѓани кои треба да ја примат првата доза. Останатите количини кои се достапни во нашата земја се наменети за ревакцинација на втората доза.
Сепак, оваа недела, како што најавуваат надлежните, се очекува да стигнат донации од Бугарија и Грција, со што ќе продолжи масовната вакцинација на населението, а поголемата количина на кинеските вакцини „Синовак“, коишто беа најавени, не се знае кога ќе пристигнат во земјата.
– „Секој понеделник стигнуваат нови количини на ‘Фајзер‘, а неделава очекуваме 50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 Грција, кои најверојатно ќе бидат од ‘АстраЗенека‘. Немаме точен датум кога ќе стасаат 500.000 вакцини од ‘Синовак‘, кои беа најавени за почетокот на јуни“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на воената вежба „Одлучен удар 21“ на Криволак.




