Трета трансплантација на срце во историјата на Македонија
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.
На двајца пациенти, пак, ќе им се трансплантираат бубрези. Медицинскиот тим ги започнал подготовките синоќа откако семејството на мртвиот донор дало согласност да се донираат органите.
Филипче предмалку се огласи и по третпат соопштувајќи дека експлантацијата на бубрезите е завршена, а сега се прави трансплантација на срцето.




