Македонија
Македонија ќе се приклучи кон СЕПА во октомври – Банкарските трошоци ќе се намалат 12 пати
Македонија ќе се приклучи кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што ќе овозможи побрзи, посигурни и поевтини прекугранични плаќања. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска изјави дека трошоците за плаќања од ЕУ кон Западен Балкан се 12 пати повисоки од оние во рамките на ЕУ и се очекува да се намалат со ова приклучување.
Во моментов, трошоците за плаќања од ЕУ кон Западен Балкан се 12 пати повисоки во однос на оние помеѓу земјите од ЕУ. Со приклучувањето кон СЕПА, очекувањата се овие трошоци значително да се намалат.
Работилницата на која присуствуваа претставници на Светската банка и Европската централна банка беше посветена на подготовките за интеграцијата на Македонија во СЕПА. Првиот можен датум за влез е октомври 2025 година.




