Национална конференција за недискриминација „СИТЕ, СЕГА!
Денес, Мрежата за заштита од дискриминација ја организира Националната конференција за недискриминација „СИТЕ, СЕГА!
Одговорноста на институциите за обединување против дискриминација“ со цел да апелира за унапредување на состојбите со недискриминација преку донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација како и за транспарентен и фер избор на членови на Комисијата за заштита од дискриминација од страна на Собранието.
Освен за Законот за спречување и заштита од дискриминација, на конференцијата се разговара и за пристапот до вода во контекст на ковид 19 пандемијата како прашање на расна дискриминација кон Ромите. На конференцијата се презентира и Извештајот од набљудувањето на работата на Народниот правобранител со фокус на спречување и заштита од дискриминација (2010-2019), со кој се мапираат клучните недостатоци во работата на институцијата и се даваат препораки за унапредување на законската рамка и практиките на институцијата.





