Македонија
„Синами“: Нова приказна во македонскиот ИТ ќе го освојува светскиот пазар
По две децении глобална препознатливост во рамки на групацијата „Сеавус“, новата македонска ИТ компанија „Синами“ продолжува да го освојува светскиот пазар.
„Иновативни софтверски решенија кои го модернизираат начинот на кој работат нашите клиенти“ е мотото на македонската ИТ компанија, „Синами“ (www.synami.com). Компанијата до скоро беше дел од групацијата на „Сеавус“, меѓутоа по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката компанија АРИКОМА Груп, „Синами“ која остана во сопствеништво на холдингот на Игор Лештар, започнува сосема нова приказна и продолжува да делува самостојно на светскиот ИТ пазар, потпирајќи се на своето 20-годишно искуство во развој на софтверски решенија.
