Компанијата дм дрогерие маркт донираше респиратори во вредност од 36.600 евра
Компанијата dm донираше два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра со цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за хронично болните пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.
Респираторите се донирани во Министерството за Здравство на С. Македонија, кое согласно потребите на здравствените институции во нашата земја донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.
На ниво на целата dm група донирани се вкупно 15 респиратори – анестезиолошки вентилатори Primus, со што, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm продолжува да биде сојузник на заедницата на патот кон побезбедна и поздрава иднина.





