Скопје
Маратон по протокол – се одржа 16. Виз ер скопски маратон (ФОТО)
Денеска, по специјален протокол за заштита од Ковид-19, се трчаше Виз Ер Скопски маратон под мотото „Трчањето ќе те промени“. Поради пандемијата со Ковид-19, на маратонот оваа година трчаа ограничен број на учесници, 1.500, во три дисциплини, маратон, полумаратон и штафетен маратон.
Стартот и целта на учесниците беше пред СЦ Борис Трајковски, а патеката по која што трчаа остана иста како и минатите години.
Победник на државното првенство во маратон на Македонија во организација на Атлетска федерација на Македонија е Дарио Ивановски со време од 02:31:16, на второ место е Александар Кираџиев со време од 02:40:57, а на трето место заврши Марјан Бонев со истрчан маратон за време од 02:42:41.







