Отворен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“ (ФОТО)
Денеска, во присуство на министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, , градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и многу медиуми, беше отворен за јавност мини ЗОО Паркот на нашето училиште СУГС „Браќа Миладиновци“.
Во конкуренција на триесетина средни училишта од државава, токму ние со Проектот за мини ЗОО Парк и Систем за Аквапоника, победивме на натпреварите во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и UPSHIFT програмата на Уницеф.
Со средствата во износ од 120 илјади денари, ние ја доуредивме нашата зоолошка градина и од денеска ја отворивме за сите посетители. Влезот е бесплатен, концептот не е да се заработува од наплата на влезници, туку врз основа на добровелен прилог кој посетитилите ќе го донираат во касата на влезот, ќе помогнат за полесно одржување на ЗОО Паркот и грижа за животните. Истовремено, на влезот на сите посетители кои ќе сакаат да ги хранат животните и птиците од паркот, бесплатно ќе се дели строго препорачана храна за секое животно/птица поединечно.







