Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„СКОПЈЕ ПРАЈД“: Втора Парада на гордоста во Скопје

Скопје

„СКОПЈЕ ПРАЈД“: Втора Парада на гордоста во Скопје

Втора парада на гордоста – „Скопје Прајд“ денес ќе се одржи на скопски улици. Парадата ќе започне од паркот „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.

– „Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, се вели во соопштението испратено до јавноста.

Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17 часот, информираа од МВР.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.