Балкан
„Стоп на крвавите кошули“ – протест во Белград
Повод за протестот беше нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ, на 23 ноември во Крушевац.
Во Белград, во организација на опозицијата, без партиски обележја, синоќа се одржа протест под слоганот „Стоп на крвавите кошули“.
Неколку илјади граѓани прво се собраа на платото пред Филозофскиот факултет каде им се обрати актерот Бранислав Трифуновиќ, по што без инциденти се прошетоа до Народното Собрание и Радио Телевизија на Србија.
Повод за протестот беше нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ, на 23 ноември во Крушевац.




