Видео
Настап на швајцарско талент шоу стана хит на интернет (видео)
Дека трпеливоста навистина е доблест, можеа да се уверат судиите во швајцарското талент шоу „Шперталент“, кои не покажаа голема трпеливост за „настапот“ на уметничката Кони.
Таа сакала во шоуто да го покаже својот талент за цртање, но нејзиниот настап не тргнал онака како што замислувала.
Имено, четворицата судии не покажаа ниту желба, ниту трпеливост Кони да го заврши цртањето со креда на табла и и дадоа четири „не“, што автоматски значеше нејзина елиминација.



