„Иднината е светла“ – запознајте ги хероите од нашето секојдневие (ВИДЕО)
Мотивирани, успешни и храбри херои со светла иднина и огромен потенцијал пред себе – тоа е најдобриот опис за нашите десетмина херои што во следните 5 седмици ќе бидат дел од македонското онлајн секојдневие.
Навистина стоиме безрезервно и гордо зад секој проект и секоја иницијатива што потекнуваат од нив. Овие херои поттикнуваат низа позитивни домино-ефекти во секојдневната борба со овој свет – да биде подобар свет за сите.
Видеосеријалот „Иднината е светла“ е производ инспириран од нивните искрени приказни и е само мал дел од приказната на Халкбанк во која секогаш, без исклучок, луѓето се во главна улога, во постојан фокус.




