Реакцијата на Меланија кон Доналд Трамп стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп (75) и неговата сопруга Меланија (51) присуствуваа на бејзбол-натпревар во во Атланта. Ова е нивно прво заедничко појавување уште од април оваа година.
На социјалните мрежи се појави видео од нивното заедничко појавување, на кое се гледа како Меланија му превртува очи на нејзиниот сопруг Доналд.
На снимката се гледа како Трамп го крева палецот и аплаудира додека до него стои насмеаната Меланија. Но, додека се оттргнува од камерата, насмевката на поранешната прва дама брзо се претвора во гримаса.



