
Образование
Менса Македонија и Татјана Алексиќ одржаа предавање на тема „Сексуална интелигенција“
Во организација на Менса Македонија, на 26 јуни беше реализирано тестирање на 14 испитаници од различна возраст за проверка на коефициент на интелигенција, трето по ред од циклусот отворени предавања во соработка со Филозофски факултет на УКИМ, а второ со троцифрен број посетители.
Темата беше Сексуална интелигенција, за што зборуваше професорката Татјана Алексиќ пред полна свечена сала на видлива заинтересираност и интерактивност од страна на присутните.
Професорката се заблагодари на големиот одsив, на довербата од страна на МЕНСА и образложи дека се обраќа како некогашен уредник и водител на емисијата Сексуална азбука која се емитуваше на МРТВ 2011 -та година, поддржана од докторскиот тим на проф. д-р Викторија Вујовиќ, проф.д-р Славица Арсова,проф. д-р Горан Димитров и проф. д-р Сотир Ставридис.




