МК Сцена
Амел Чуриќ победник на втората сезона на Икс Фактор Адриа
Вчеравечер заврши втората сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, X-Factor Adria, чие суперфинале се одржа во Комбанк Арена во Белград.
Босанецот Амел Чуриќ победи на синоќешното финале, додека македонскиот претставник Боби Мојсовски заврши како второпласиран.
Прв од натпреварувачите настапи Мојсовски, со песната „Полско цвеќе“ од Тоше Проески. Следна беше Магдалена Богиќ која отпеја песна што беше комбинација од две: „Read all about it” од Емили Санде и „We found love” од Ријана.




