Музика
Аријана Гранде носеше веренички прстен на концертот во Манчестер? (ФОТО)
Фановите се прашуваат дали прстенот на нејзината рака е веренички.
На настапот во Манчестер, Аријана Гранде на раката носеше дијамантски прстен и со тоа го разбуди сомнежот дека тајно се верила со нејзиното момче.
Прстенот на нејзината рака навистина многу личи на веренички. Инаки, таа во септември минатата година објави во јавноста дека е во врска со Мак Милер, а гласините за веридбата се појавија во јавноста во јануари, кога пејачката ја подготвуваше турнејата „Dangerous Woman“.




