Музика
СО МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Погледнете ги најмоќните настапи од „Една љубов Манчестер“
Манчестер во неделата беше центарот на светот и центарот на љубовта!
Хуманитарниот концерт „Една љубов Манчестер“ кој се одржа во неделата вечер, обедини бројни ѕвезди и десетици илјади фанови на Аријана Гранде на „Олд трафорд“ стадионот во Манчестер.
Сите заедно пееја во еден глас за да испратат поддршка до фамилиите на жртвите од терористичкиот напад кој пред две недели се случи на крајот на концертот на Аријана Гранде.




