Музика
Џастин Бибер бара духовно просветлување во црквата Хилсонг
Сите знаат за опседнатоста на Том Круз со Сајнтологијата, поради што наводно пропаднаа и неговите врски со Никол Кидман и Кејти Холмс.
Но, според некои таблоиди и Џастин Бибер веројатно тргнал по неговите стапки, но овој пат не е во прашање Сајнтологија, туку црквата Хилсонг, чие заштитно лице стана младиот канадски пејач.
Шпекулациите почнаа откако Џастин неодамна ја шокира јавноста со одлуката да ја прекине турнејата „Purpose“, а обожавателите веднаш почнаа да ја бараат причината за тоа. Освен разочараните фанови, Бибер ги разочара и луѓето кои работеа на турнејата, кои преку ноќ останаа без работа, а за сето дознале од медиумите.





