Музика
Бондовата насловна нумера „Writing’s On the Wall“ од Сем Смит прва на музичките листи во Британија
Песната „Writing’s On the Wall“ од Сем Смит е прва песна од еден филм за тајниот агент Џејмс Бонд што се искачи на првото место на официјалната британска топ листа.
Нумерата од филмот „Spectre“ во првата недела по објавувањето е продадена во над 70.000 прмероци, со што од првото место на британската топ листа ја потисна песната „What Do You Mean“ на Џастин Бибер.
Инаку, ова е петта песна на Сем Смит што се најде на првото место на британската топ листа.




