МК Сцена
ДИНО МЕРЛИН КОНЦЕРТНО ВО ОХРИД: „Еве ме по седум години во мојот омилен град!“ (ФОТО)
На концертот, кој беше проследен со фантастична кореографија и уметнички перформанс, Мерлин се појави со куфер и со огромна насмевка на лицето.
Пред, и до последно место исполнетиот стадион „Билјанини извори” во Охрид, вчеравечер Мерлин не само што ги отпеа најголемите свои хитови, туку и понуди одлично визуелно шоу, исполнето со неверојатни кореографии и уметнички перформанс.
Многубројната публика ги пееше во еден глас големите хитови на легендарниот Мерлин, кој беше дочекан со овации и испратен со воодушевување по спектаклот кој траеше два и пол часа, а на кој присуствуваа илјадници негови фанови како од Македонија, така и од Бугарија, Србија, Косово и од Албанија.











