Музика
ХФАКТОР: Давид Темелков настапи со „Feel“, вечерва на сцената пее Боби Мојсовски
Давид Темелков во синоќешната „лајв емисија“ на X-Factor ја изведе песната „Feel“ од Роби Вилијамс. Во рамките на натпреварувањето од оваа недела натпреварувачите изведуваат песни по свој избор.
Публиката го пофали Давид за изборот, но и за начинот на кој го изведе овој познат светски хит.
Вечерва, пак, ќе настапат останатите натпреварувачи, меѓу кои се наоѓа и другиот македонски претставник, Боби Мојсовски.




