МК Сцена
Холандскиот диџеј Jooris Voorn утре настапува во Епицентар
Jooris Voorn со својот настап утре, 11 мај во клубот Епицентар е како природно потсетување дека квалитетот е единствена референца која е важна за да се отворат вратите на DJ кабината.
Joris Voorn е глобално почитуван DJ и продуцент, кој пред се’ е музичар што знае да ги спои најквалитетните продукции од различни жанрови, во еден многу препознатлив – Voorn пакет.
Тој доаѓа од епицентарот на холандската електронска музичка сцена и набрзина станува олицетворение на современата уметност и tech-savvy DJ, цврсто стоејќи во подземјето на techno сцената.




