Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВЕЧЕРВА ЈА БОДРИМЕ ЈАНА: Македонија настапува трета во вечерашното полуфинале на Евровизија

Музика

ВЕЧЕРВА ЈА БОДРИМЕ ЈАНА: Македонија настапува трета во вечерашното полуфинале на Евровизија

Втората полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија се одржува вечерва во Киев, каде трета по ред настапува македонската претставничка Јана Бурческа.

Од македонската делегација присутна во Киев велат дека Јана е подготвена за настапот на големата сцена и се одбројуваат минутите до претставувањето пред европскиот аудиториум.

На втората полуфинална вечер право на глас ќе има публиката и жири комисијата од земјите учеснички во второто полуфинале, како и директните финалисти од Германија, Украина и Франција. Меѓу учесниците пак, се вбројуваат: Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

Финалната вечер се одржува оваа сабота.

Во продолжение погледнете го видеото од последната проба на македонската претставничка:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.