МК Сцена
КАРОЛИНА: Нема да го тужам Град Скопје
Откако Бобан Милошевски, сопственик на Авалон продукција, на својот Фејсбук профил најави дека ќе го тужи Град Скопје поради откажаната новогодишна прослава, се огласи и Каролина Гочева, која напиша дека нема намера да го тужи градот.
-Би сакала да се оградам од некои наводи дека јас, како Каролина Гочева имам намера да го тужам Град Скопје за откажувањето на Новогодишната прослава. Баш напротив, сметам дека е добро што парите се пренаменети за некој на кој тоа му е потребно и како и во многу други прилики сум тука да помогнам. Значи, уште еднаш, за сите шпекулации на темава, јас не учествувам и нема да учествувам во никаква тужба, пишува пејачката на социјалните мрежи.





